Загрозена е Липковската брана: На 300 метри од браната со динамит ќе се вади мермер – на целиот регион му се заканува катастрофа

t

*Фејсбук обајава на Kumanovska Gorilla

Јавно известување– Село Извор, Општина Липково

Почитувани граѓани,

Советот на селото Извор, Липково, сака јавно да ве информира дека за случајот со нелегалните активности на фирмата која започна со отворање на патишта и уништување на планинскиот предел во атарот на нашето село, веќе се преземени сериозни чекори и се известени надлежните институции.

Известени се следниве институции и организации:

Министерство за внатрешни работи (МВР)

Претседателот на Владата на РСМ, г-дин Кристијан Мицковски

Релевантните министерства на РСМ, одговорни за заштита на животната средина, земјоделство и локален развој, странските амбасади во РСМ, кои ја поддржуваат заштитата на природата и локалните заедници.

На сите институции им се доставени и потписите од петицијата на жителите на селото Извор, со кои категорично се спротивставуваме на отворањето на каменоломот и бараме целосно запирање на овие активности.

Особено важно е да се потенцира дека овие активности сериозно ја загрозуваат браната на Ликово, која се наоѓа во близина. Доколку се отвори каменолом и се изведуваат минирања, постои реална опасност од оштетување на ѕидот на браната, што би имало катастрофални последици за целиот регион.

Исто така, се загрозува природата и пределот на соседното село Думанoц, кое директно ќе биде погодено од уништување на шумите, ерозија, прашина и нарушување на еко-системот.

Нашиот став е јасен и недвосмислен:

Нема да дозволиме уништување на природата на Извор, Думанoвце и регионот на Ликово за профит на поединци!

Ги повикуваме сите граѓани, организации и институции да застанат заедно со нас во одбрана на природата, водните ресурси и безбедноста на населението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загрозена е Липковската брана: На 300 метри…

*Фејсбук обајава на Kumanovska Gorilla Јавно известување–…

Орбан: Европа се лизга во војна, не…

Повеќето земји од Европската Унија зад затворени…

Косовец со автомобил удрил во полицаец кој…

Косовец со автомобил удрил во полицаец кој…

Макрадули: Кампањата на ВМРО-ДПМНE – забеганост и…

Фејсбук статус на Јани Макрадули Сакав да…

Нема матични лекари во 52 рурални подрачја,…

Во моментот од 96 планирани матични лекари…