Левица: Додека Мицкоски и ДПМНЕ се обидуваат да ја замолчат вистината – народот е тука, буден и решителен

t

Колку и да се обидува власта на Мицкоски и ДПМНЕ да ја замолчи вистината – народот е тука, буден и решителен. Тоа го докажаа вчера и КРУШЕВО и МАКЕДОНСКИ БРОД.

Во Крушево, кандидатот за градоначалник Зоран Јанески, и носителот на советничката листа, Атанас Најдоски, заедно со лидерот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев, испратија порака дeка е доста со сомнителни тендери, партиски вработувања и потценување на граѓаните.

Во Македонски Брод, нашиот кандидат за градоначалник м-р Маријан Ѓурчески и носителот на советничката листа, Жарко Тодороски, ветија нова енергија за општината и развој кој нема да зависи од милостина на партиски функционери, туку од чесна и транспарентна локална власт.

Левица е таму каде што корумпираните елити чекорат со страв – на улиците, меѓу луѓето, лице в лице со проблемите и со надежта за подобра иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Словачките лекари му забранија на Фицо да…

Информативната служба на словачкиот премиер Роберт Фицо…

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата…

Протестите поради кризата со домувањето во Шпанија…

Доминација на македонскиот тенисер Алексовски на турнирот…

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години)…

Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради…

Дел од улиците и булеварите во Скопје…