Нова.рс: Марта Арсовска – Томовска, министерка во владата на Груевски, комесарка на Експо 2027 дел од коруптивниот ланец на Вучиќ
Претседателот на Народното движење на Србија, Мирослав Алексиќ, на социјалната мрежа X напиша дека Марта Арсовска Томовска, поранешна министерка во Владата на Никола Груевски во Северна Македонија, е комесарка на EXPO 2027 во Србија, и дека нејзиниот ангажман е симбол на „коруптивен проект со кој власта го расфрла народниот пари“, пренесе Нова.рс.
Алексиќ оцени дека организацијата на Експо 2027 е „катастрофална за државата, а корисна само за корумпираниот режим“.
„Додека државата нема пари за здравство, образование, земјоделство и социјална заштита, парите се фрлаат на овој проект за елитата на Вучиќ да украде уште народни пари пред да падне од власт“, напиша тој на X.
Според него, огромни пари биле потрошени за лобирање – Србија да стане домаќин на Експо, а подоцна и за земјите да одлучат да учествуваат.
Една од клучните фигури, тврди Алексиќ, е токму Марта Арсовска Томовска, поранешна министерка во кабинетот на Никола Груевски, против која, како што наведува, се воделе истраги за штимање на изборни резултати,
„По падот на Груевски, Томовска се пресели во Србија и стана советничка во кабинетот на Ана Брнабиќ за реформа на јавната администрација, а потоа беше именувана и за комесарка на Експо 2027“, објаснува претседателот на НПС.
Алексиќ ги нагласи и нејзините блиски врски со Сузана Васиљевиќ, наведувајќи дека Томовска во Македонија била обвинувана дека учествувала во „местење на избирачкиот список“.
„Оваа македонска државјанка е важен дел од системот на Вучиќ за кој малку се знае, но очигледно е дека собрале експерти за кражба од регионот“, порача тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…
Драма на небото над Србија: Воени ловци…
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…
Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…
Дијалогот што во моментов се води околу…