Додик: Го замолив Путин да не ја остава Република Српска на милост и немилост на ЕУ
Лидерот на владејачката коалиција во Република Српска – Милорад Додик, изјави дека го замолил рускиот претседател Владимир Путин да не го остава тој дел од Босна и Херцеговина на милост и немилост на Европската Унија.
„Моето барање беше претседателот Путин да не ја пропушта можноста кога склучуваат договори на светско ниво, и да не нè остават на некои третокласни бирократи од Брисел, да продолжат да нè мачат и да не ни дозволуваат да живееме“, изјави Додик за синоќешниот разговор со рускиот лидер.
Додик, кој се сретна со Путин синоќа во Сочи за време на годишната сесија на Меѓународниот дебатен клуб „Валдаи“, изјави дека разговарале за ситуацијата во Босна и Херцеговина, која рускиот лидер ја опиша како сложена.
Во транскриптот од дел од нивниот разговор, кој беше објавен на веб-страницата на рускиот претседател, пишува дека Путин рекол дека Додик „прави многу за градење односи со Русија“.
„Знам дека ситуацијата во вашата земја и регион не е едноставна, може да се каже дека е сложена. Би бил многу заинтересиран да ја чујам вашата проценка за тие околности“, му рече Путин на Додик на почетокот на средбата, додавајќи дека е „многу среќен“ што го видел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…
По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Трамп даде по 100 долари на 20…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…