Македонското небо ќе биде затворено за сообраќај на 20 и 24 октомври, контролорите на летање најавуваат штрајк

t

Македонскиот воздушен простор ќе биде целосно затворен за авионски сообраќај на 20 и 24 октомври, поради штрајк на контролорите на летање во М-НАВ.

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛМ) повторно ја активираше одлуката за штрајк, обвинувајќи го менаџментот дека не ги исполнил претходно дадените ветувања и дека состојбата во претпријатието е сериозно загрижувачка. Според нив, клучни кадровски решенија во М-НАВ намерно се блокираат, а системот е на работ на колапс.

Од синдикатот нагласуваат дека 20 октомври е намерно избран како датум за почеток на штрајкот – ден по локалните избори – за да не може раководството да го претстави како политички мотивиран.

Претседателот на УО и извршен директор на секторот за воздухопловна навигација – Владимир Ристевски за Канал 5 изјави дека се она што е побарано е исполнето и работите се движат според барањата на синдикатот.

„Вработувањата се одобрени од Влада, но чекаат да помине изборниот процес со дел да се направи селекција и вработување на тие кадри, каде се пет инженери и шест контролори. За функционална анализа, која е побарана, е добиена согласност техничката спецификација се презицира и месецов би требало да се објави тендер“, вели Ристевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонското небо ќе биде затворено за сообраќај…

Македонскиот воздушен простор ќе биде целосно затворен…

Претепан кандидат за советник во Виница –…

Умут Скопко, кандидат за советник во Општина…

Судењето за „Пулс“ ќе биде маратонски процес,…

По потврдувањето на обвинението за трагедијата во…

(Видео) Ќосето по снимката со поддршка за…

Осум години од мојот живот ги поминав…