(Видео) Кандидат за градоначалник на Кочани најавува дека ќе се откаже од паушали, патни трошоци и телефон
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кочани подржан од група граѓани, Зоран Тодоров, денеска на прес конференција рече дека првата негова одлука доколку биде избран на таа функција ќе биде откажување од паушалите, патните трошоци и службениот телефон.
-Вчера заврши рокот кога останатите советнички листи можеа да ја потпишат декларацијата со која се откажуваат од советничкиот паушал. До денес никој не се одзва, ниту ја потпиша декларацијата. Доколку не им е јасна или не им се допаѓа, ги замолуваме тие да ја напишат содржината, а ние ќе ја потпишеме – порача Тодоров.
Тодоров на пресот излезе со ветување дека тој и неговата администрација ќе бидат поефикасни отколку сегашните, дека ќе има прецизни рокови за решавање на проблемите на граѓаните и дека Кочани ќе го придвижи во насока да прерасне во еден развиен и модерен град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кандидат за градоначалник на Кочани најавува…
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кочани…
Нови детали од истрагата за експлозијата во…
Шифрирани телефони се пронајдени во станот на…
Тешка несреќа во Скопје: Автомобил удри во…
Вчера во 20.30 часот во СВР Скопје…
(Видео) Нова еколошка катастрофа во Крива Река…
До редакцијата на Инфомакс пристигна видео направено…
СДСМ: Тошковски со инспектори од МВР во…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствивал…