„Водовод“ потврди: Половина Скопје вечерва без вода поради голем дефект во Влае

t

Голем дефект на водоводна цевка во населбата Влае вечерва го остави без вода значителен дел од Скопје. Без вода се делови од општините Ѓорче Петров, Хром, Влае, Карпош, Козле, Центар, како и поединечни делови од Аеродром, Кисела Вода и Лисиче.

Од ЈП „Водовод и канализација“ потврдија дека дефектот се наоѓа на улицата „Франце Прешерн“ бр. 100Д, каде е пукната водоводна цевка со профил од Ф600 милиметри.

„Ве известуваме дека поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600 мм на улица ‘Франце Прешерн’ во Влае, со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, додека останатите населби ќе имаат намален притисок. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата,“ се вели во соопштението од Јавното претпријатие.

Екипите на „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот, но засега не е познато кога ќе биде воспоставено нормално водоснабдување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Водовод“ потврди: Половина Скопје вечерва без вода…

Голем дефект на водоводна цевка во населбата…

(ВИДЕО) Пукна водоводна цевка во Влае, вода…

Една од главните водоводни цевки вечерва пукна…

Мицкоски со порака до СДСМ: Правдата ќе…

Го слушам Венко Филипче како зборува дека…

(Фото+Видео) Мицкоски и Владата ги пречека транспарент…

Високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ денес престојуваа во…

Жена во центарот на голема измама во…

Русинка која го сменила презимето во Шојгу…