Мојсоска: Црната кампања против Левица докажува дека власта се плаши од нашиот раст

t

Актуелната пратеничка од Левица и кандидат за Градоначалник на Струга, Јована Мојсоска, обвини дека власта води црна кампања против Левица, токму затоа што, како што вели, Левица бележи раст и сѐ поголема поддршка од граѓаните.

„Токму преку Левица во изминатиот мандат беа поднесени бројни иницијативи до Советот на Општина Охрид. За жал, како што се случува и во Собранието поради теснопартиска суета, голем дел од нашите иницијативи беа одбиени и тука во Советот на општина Охрид“, изјави Мојсоска за време на народниот собир во Охрид викендов.

„На овие избори очекуваме дека Левица ќе порасне со бројот на советници и ќе биде фактор, без кој нема да може да се состави мнозинство во советот. На тој начин, единствено ние можеме да истуркаме повеќе проекти кои се дел од програмата на Левица и од интерес на граѓаните на Охрид“, додаде Мојсоска.

Според неа, додека власта води негативна кампања против Левица, на локално ниво, во Советот на Охрид, може да се види дека ВМРО-ДПМНЕ соработува со советниците од ДУИ.

„Додека власта води црна кампања против Левица, тука во советот на Охрид сведочиме како ДПМНЕ е во коалиција токму со советниците од ДУИ, ние сведочиме како градоначалникот Пецаков делеше тендери на локалните шерифи од ДУИ. Но, ваквата црна кампања покажува дека власта се плаши и само го докажува нашиот раст, кој мислам дека ќе кулминира и на овие локални избори“, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…