Хаос во Сингелиќ: Претепан голман на ФК Пчиња, фудбалерите побарале полициска заштита за да го напуштат селото

t

Несакани сцени на насилство го одбележаа вчерашниот натпревар од Третата лига – Север, помеѓу екипите на Фортуна и Пчиња, одигран во скопското село Сингелиќ. Натпреварот бил прекинат во 75. минута при резултат 1-1, откако гостинските фудбалери од Пчиња одбиле да продолжат поради брутален физички напад.

Според информации од клубот, ситуацијата ескалирала откако домашната публика прво вербално, а потоа и физички ги нападнала нивните поддржувачи, претежно роднини на фудбалерите.

Најтешко поминал голманот Никола Стојановски кој бил удиран со клоци од неколку фудбалери сè додека не изгубил свест, а кога неговите соиграчи се обиделе да му помогнат и тие биле нападнати.

Судијата на натпреврот во тие моменти не презел ништо, па фудбалерите на Пчиња самоволно го напуштиле теренот и побарале полициска заштита. Тие ја чекале Единицата за брзи интервенции, за да бидат сигурни дека безбедно ќе го напуштат селото.

Голманот Стојановски веднаш бил пренесен во кумановската болница каде што останал и во текот на ноќта.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега…

Со вакцина против сезонски грип, досега, заклучно…

Муцунски во Aтина: Грција го пофали напредокот…

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во…

Вучиќ најави штрајк со глад „доколку се…

Шефот на пратеничката група на СНС во…

Суспензија и кривична за двајца полицајци на…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

МВР и ЈО наскоро ќе излезат со…

Министерството за внатрешни работи постапува во насока…