АФЖ Левица: Наместо да ги заштити отпуштените текстилни работнички, власта го штити капиталот
АФЖ Левица остро реагира на новиот бран затворања на текстилни фабрики во Штип – четири конфекции ги затворија вратите за само еден месец, оставајќи стотици жени и мајки без работа, плата и придонеси. Ова е системско уништување на работничките права и брутално газење на достоинството на текстилните работнички.
Одговорноста не е само кај алчните газди кои ги третираат работничките како евтина и заменлива роба. Вистинскиот виновник е власта предводена од Мицкоски, која свесно молчи и ги штити интересите на капиталот, наместо да застане во одбрана на своите граѓани. Инспекциите и институциите се претворени во параван за криминал, а работничките се оставени на милост и немилост на странски и домашни профитери.
Затворањето на „БЛС Мода ексклузив“ и „Елит фешн“ без никакво известување е крајно нечовечно. Овие жени, кои со години го носат текстилниот сектор на свој грб и ,,од игла си го вадат лебот”, останаа без егзистенција преку ноќ. Тоа е удар врз целото општество и јасен доказ дека капитализмот во Македонија функционира на грбот на најсиромашните и најексплоатираните.
Левица е работничка партија и нема да молчи. Од АФЖ Левица бараме итно:
законска заштита што ќе спречи газење на работничките права и ќе застане зад работникот во случај кога фирмата ќе му даде отказ на ваков или сличен подмолен начин без предвремено информирање во рок од најмалку 30 дена;
казни за несовесните газди;
укинување на бланко – договорите со кои се врши правен терор врз работничките;
гарантирани плати и придонеси за секој час чесно одработен труд.
Работничките во Штип не се бројка, туку – жени, мајки и хероини кои државата свесно ги предава на глад и беда. Овој криминален систем мора да се сопре. Борбата продолжува и ние нема да запреме додека правдата не биде на страна на работникот, а не како досега – на страна на профитерите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…
Мицкоски: СДСМ во коалиција со Левица поднесоа…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…