Алармантна е состојбата со недостигот на медицински сестри во здравствениот систем

t

Состојбата со дефицитот на медицински сестри станува се поалармантна, околу 6000 недостигаат низ болниците ширум државава.

Одливот во странство е се поголем,а она што загрижува е што се повеќе медицински сестри со искуство трајно ја напуштаат професијата, незадоволни од условите за работа. Недостиг на медицински сестри има во сите нивоа на здравството.

Најмногу во стационарите, каде работата е многу опсежна, патронажните служби, потоа во операционите сали, клиниките, во болниците во внатрешноста, но и во одделите за интензивна нега каде се тешко болните.

Од Унијата на медицински сестри велат недостигот на кадар генерира незадоволни пациенти.

За да се надмине проблемот со одливот на медицински сестри, од Унијата велат неопходно е да се донесе законот за сестринска дејност кој ќе ја регулира оваа професија во однос на образованието, работните задачи и одговорностите.

Според податоците на унијата „За нас“, близу 2.000 здравствени работници за една година ја напуштиле Македонија и за подобри услови за работа заминале да работат во западноевропските земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гори двокатен автобус кај видиковецот на Водно

На видиковецот на Водно гори двокатен автобус…

Дарко Костовски до ДУИ: Бутел нема да…

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, реагира…

Шведска им плаќа на мигрантите до 32.000…

Шведска од почетокот на 2026 година драстично…

Исланд кажа „не“ за ЕУ: граѓаните го…

Исланд ги отфрли плановите за продолжување на…

Русија вели дека подготвува „масовни напади“ врз…

Руското министерство за одбрана во неделата соопшти…