Мицкоски: Овие избори се тој моментум, од чија одлука зависат генерации и генерации потоа
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Кичево, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!
,,Кога одлучуваме кој да ја добие поддршката за кандидат за градоначалник на Кичево, морам да признаам дека не размислував кој ќе биде најдобар за ВМРО-ДПМНЕ, туку гледав кој ќе биде најдобар за Кичевчани. Кој може да се бори за сите вас, и за ВМРО-ДПМНЕ, но и за СДСМ, и сите останати. И за Македонците, и за Албанците, и за Турците, и за Ромите и за сите граѓани коишто се дел од овој град. Од Александар слушнавте, на еден многу оригинален и живописен начин, каква визија има за Кичево и како ја гледа иднината на Кичево. Кои се проектите коишто ќе ги реализира од неговата програма. Но, јас ќе ви говорам за најважниот проект, и за Александар, но и за Кичево. Тоа е заедништвото и обединувањето на Кичево “, рече Мицкоски.
Мицкоски повика на обединување и заедништво без разлика на партиска, етничка или верска припадност, и додаде дека овие избори се моментумот, и избори од кои ќе зависат идните генерации.
,,Сите ние мора да се обединиме околу заедништвото и да ги премостиме сите наши разлики, сите наши несогласувања и различни погледи. Овие избори се тој моментум, од чија одлука зависат генерации и генерации потоа. Ова е неповторлива можност, сега да покажеме единство и разбирање за тоа што му треба и што е она вистинското за Кичево“, кажа Мицкоски и додаде:
,,Мора да се обединиме сите, без разлика на партиска, етничка, верска или било каква друга припадност, и да застанеме сложно во одбрана на своето место. И за иднината на своето место и сите да излеземе масовно на 19 октомври, да го заокружиме бројот 9 за Алекснадар да биде идниот градски татко на Кичево, на сите кичевчани “, заклучи Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Најмалку шестмина загинати при превртување на…
Најмалку шест лица загинаа, кога ферибот со…
Неексплодирана бомба пронајдена во Охридското Езеро, во…
На 28.08.2026 во 15.33 часот, во СВР…
Се запали автомобил среде улица кај Мавровка
Автомобил се запали на улицата кај Мавровка,…
Несреќа во кочанско: Возела тригодишно дете на…
Дваесет и осумгодишна жена од кочанското село…
18 возачи лишени од слобода за едно…
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…