Мицкоски и Петрушевски со лаги го покриваат бугарскиот капитал на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

t

Бране Петрушевски, човекот кој граѓаните го паметат како борец против покачувањето на платите и непријател на работниците, очајно се обидува преку лаги да ја скрие вистината за Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. А вистината е дека пола раководство води фирми во Бугарија и според информациите во медиумите така ја финансираат партијата. – се вели во соопштението на СДСМ.

Затоа Бране Петрушевски и Мицкоски се надеваат дека со своите измислени приказни ќе го покријат срамот и лицемерието на нивната партија.

Година и пол неспособните од ВМРО-ДПМНЕ ја замајуваат јавноста, со хибридни напради, со дестабилизации, со дронови и измислени афери кои и пропаднаа една по една. Причирната е јасна, друго не знаат да сработат и да понудат.

Му порачуваме на Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ дека се прочитани и дека граѓаните овие нивни лаги веќе не ги слушаат. Наместо решенија и проекти, ВМРО-ДПМНЕ понуди само црна кампања против опозицијата, очајна стратегија на неуспешни и пропаднати политичари кои за година и пол докажаа дека власт не ја заслужуваат.

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива оваа лажна и лицемерна власт и нема да влегува во калта во која тие се чустуваат комотни. Ќе зборуваме за реалните проблеми на луѓето, за платите кои не ги качуваат, за партизацијата која брутално ја прават, за блокираните реформи во секоја сфера, за криминалот и корупцијата која ја јаде државата. – додаваат од опозициската СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српското ЈТОК бара итно доставување на сите…

Обвинителството побара од Министерството за правда, без…

Пресверт во случајот со модуларната болница во…

Советот за казниви дела при Врховниот суд…

РУБИО СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО Г20: Светската…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати сериозно…

Директорот на косовската полиција, Газменд Хоџа, поднесе…

Генералниот директор на косовската полиција, Газменд Хоџа,…

Политички пресврт во Бугарија: Бојко Борисов објави…

Бугарската политичка сцена се соочува со нов…