СДСМ: Инфлацијата беснее а Владата на Мицкоски без никакви мерки прави статистички спинови
Реалната инфлација во земјата е 4% а владата со денешната објава на Државниот завод за статистика, се обидува со статисчки спинови манипулативно да ги прикаже како -0.2% споредувајќи само месец со месец. – се вели во соопштението на СДСМ.
Додека трошоците растат и граѓаните секој ден плаќаат поскапо, владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја замачкаат реалноста со статистичка финти и спинови.
Мора да престане манипулацијата со моделот „месец спрема месец“. Тој модел создава лажна слика и ја прикрива вистинската состојба: цените растат, а животниот стандард опаѓа.
Фактите се јасни.
За 9 месеци 2025 година инфлацијата е 4%, споредбено со 9 месеци во 2024 година.
Во јуни владата се фалеше со инфлација од 0,8 проценти во однос на мај, додека вистината беше 4,5 проценти годишно и 3,8 проценти кумулативно.
Токму таму каде што најмногу боли, во потрошувачката кошница, храната и безалкохолните пијалоци поскапеа за 6,3 проценти годишно, а цените во рестораните и хотелите се зголемија за 7,6 проценти годишно и дури 10,4 проценти кумулативно.
Во август повторно истиот ПР трик, инфлација од 0,2 проценти месечно, додека реалноста покажува 4,4 проценти годишно, храната 6,2 проценти, а во рестораните и хотелите цените се зголемија за 8,6 проценти кумулативно.
Ова што се објавува не е статистика, ова е политичка манипулација со поскапувањата кои граѓаните секој ден ги чувствуваат.
Месечната промена не ја покажува реалната цена што ја плаќа секое семејство, затоа што вистинската слика за растот на трошоците ја даваат годишните споредби и кумулативната статистика. Сè друго е обид вистинските поскапувања да се поттурнат под тепих со лажни наслови кои содржат зборови како „нула“.
Ако Државниот завод за статистика повторно го сервира моделот „месец на месец“ како главна вест, тоа значи свесно покривање на поскапувањата и пи-ар служба на Владата.
Граѓаните не живеат од статистички спинови, туку од она што им останува во паричникот по сите трошоци. – додаваат од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Инфлацијата беснее а Владата на Мицкоски…
Реалната инфлација во земјата е 4% а…
ОЈО: Индиции за политички мотиви за пукањето…
Во пукање пред Општина Куманово денеска е…
Нобеловата награда за физика доделена на тројца…
Нобеловата награда за физика за 2025 година…
Претреси во домови за стари лица во…
По добиени сознанија за можен нехуман третман…
Сијарто до Зеленски: Не можеш ти да…
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…