Македонската Влада остана без интернет страница
Вечерва интернет страницата на македонската Влада е недостапна за цел свет. Корисниците од Македонија но и од цел свет пријавуваат проблем со пристапување, кој укажува на серверска грешка со пристапување до базата на интернет страницата која јавува дека не може да се поврзе на vlada.mk
/var/www/vlada.mk/includes/lock.inc
Овој пат укажува дека грешката настанала во дел од Drupal CMS (системот за управување со содржина) кој ја користи владината страница.
Тоа значи дека Drupal не може да добие пристап до базата за „lock“ процесите — што ја блокира целата апликација.

Техничките проблеми укажуваат на неколку можни опции:
Неплатен хостинг, па не може серверот да опслужи посети колку што претпоставувале дека може да има месечни посети (иако сме на почеток на месец)
Неправилно конфигурирање на серверот (премногу мала дозволена бројка на активни конекции во MySQL)
DDOS напад или автоматизирани ботови што го преоптоваруваат серверот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гори двокатен автобус кај видиковецот на Водно
На видиковецот на Водно гори двокатен автобус…
Дарко Костовски до ДУИ: Бутел нема да…
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, реагира…
Шведска им плаќа на мигрантите до 32.000…
Шведска од почетокот на 2026 година драстично…
Исланд кажа „не“ за ЕУ: граѓаните го…
Исланд ги отфрли плановите за продолжување на…
Русија вели дека подготвува „масовни напади“ врз…
Руското министерство за одбрана во неделата соопшти…