Јошевска Атанасовска: Пораките меѓу вработени во УЈП и газдите на Пулс не ни беа доставени

t

Ни претстои долг и измачувачки судски процес кога станува збор најголемата трагедија досега, кој може да трае и 20 години, смета адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска. Таа во Студио 10 на 24 нагласи дека вака како што е поставено обвинението нема начин да се скрати судењето, ако сакаме да ги обезбедиме сите права на одбраната. Единствен начин да се скрати овој процес е само доколку сите обвинети признаат вина, а тоа е нешто што нема да се случи, бидејќи има лица кои навистина не се чувствуваат виновни.

Во однос на пораките помеѓу вработени во УЈП и газдите на Пулс кои излегоа во јавноста неодамна, а за кои обвинителот Коцевски тврдеше дека се само дел од доказите кои ги поседува обвинителството, бранителката Атанасовска пак посочува дека ваквите докази воопшто не им биле доставени.

Инаку, и понатаму нема одредено термин за почеток на судскиот процес за оваа трагедија, која претставува една од најцрните точки во поновата македонска историја, а за која на обвинителна клупа ќе седнат 34 лица, со тоа што обвинети се и три фирми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…

Кличко ги повика жителите на Киев да…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…

Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…

Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…

Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…

Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…