Драма пред музејот на Холокаустот: Граѓанин зборувал германски и правел нацистички поздрав – доби кривична пријава
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа според член 319 став 1 од Кривичниот законик.
Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија. На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен. Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик. Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил. Кога полициските службеници му пристапиле на обвинетиот 59-годишник за да го легитимираат, тој продолжил да се заканува, па оштетениот почувствувал загрозување, несигурност и страв и се повлекол во просториите на музејот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма пред музејот на Холокаустот: Граѓанин зборувал…
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог…
Мојсоска: Време е истрошените политичари да заминат…
Кандидатката за градоначалничка на струга од Левица…
Тешко повреден велосипедист во Радовиш, бил удрен…
Вчера околу 11:15 часот во ОВР Радовиш…
Шушњар: Хрватска е подготвена да ја купи…
Хрватска е подготвена да ја купи српската…
„Магичен ден“ по објавувањето на договорот меѓу…
Во Тел Авив, владее еуфорична атмосфера додека…