ДДВ-то за нарачките до 22 евра од Тему било заради јакнење на македонската економија, велат од Финансии

t

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании, се вели во соопштението од Министерство за финансии.

-Со оваа мерка, околу 4 милиони денари месечно, колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените. Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија, стои во соопштението до МФ.

Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стоки ослободени од данок кои понатаму се продаваат на домашниот пазар.

-Со оваа измена, државата испраќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании кои создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата, нагласуваат од МФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДДВ-то за нарачките до 22 евра од…

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка…

Путин: Искрено се надевам дека ќе биде…

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави…

Трамп веројатно ќе го посети Ерусалим в…

Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно ќе го…

97 годишен дедо од Битола е кандидат…

Највозрасниот кандидат за член на Советот на…

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000…

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како…