„Стоп за Вардариште“: Вечерва дојдете на последна блокада (засега), да го прославиме успехот

t

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ на својот Фејсбук профил најави прослава за, како што велат, тоа што институциите конечно почнале со расчистување на депонијата. Оттаму додаваат дека засега блокадите ќе запрат, но доколку не се постапува по ветеното, тогаш веднаш се враќаат на улица.

Ги повикаа сите граѓани да им се придружат на прославата од 18 часот.

„Дојдете на оваа петочка блокада заедно да прославиме за успехот што го постигнавме во минатиот период. Многу битно, потребна е секаква помош за организирање на оваа забава од носење на озвучување, повикување на музички групи па дури и споделување на храна и пијалоци и на било кој друг начин кој сметате дека можете индивидуално да придонесете“ се вели во објавата на социјалните мрежи.

Им се заблагодарија на сите што доаѓаа на протестите и на дожд и на сонце.

Жителите на Аеродром, Ново Лисиче, но и на дел од околните населби ги организираат протестите поради миризбата и загадениот воздух кои доаѓаат од дивата депонија. Протестот беше инициран од последниот инцидент кога поради поажарот на Вардариште повеќе населби останаа без струја, а миризбата и лошиот воздух се чувстуваат со денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Стоп за Вардариште“: Вечерва дојдете на последна…

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ на својот Фејсбук…

Д-р Трајановски: За првпат ќе формираме општинска…

Општинска медицинска помош ќе биде еден од…

Д-р Трајановски: Ќе покажеме дека младите се…

Аеродром ќе биде транспарентна Општина чиј приоритет…

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе…

Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Скопје…

Д-р Трајановски: Субвенции и финансиска поддршка за…

Еден од приоритетите на Општина Аеродром мора…