По 8 месеци криза, конституирано е косовското собрание

t

Претседателот на Собранието на Косово, Димал Баша, го прогласи Собранието на Косово за конституирано откако Ненад Рашиќ беше избран за потпретседател на Собранието од српското малцинство, објавија косовските медиуми.

Рашиќ е петтиот потпретседател на Собранието.

Тој, исто така, ја прогласи конститутивната седница на Собранието на Косово за затворена.

Ова значи дека сега е отворен патот за формирање на новата влада на земјата, 8 месеци по изборите на 9 февруари.

Ненад Рашиќ, од партијата „За слобода, правда и опстанок“, беше избран за потпретседател на Собранието на Косово, по неуспехот на девет предлози од Српската листа и преминот кон избор на потпретседател преку ждрепка.

Со 71 глас „за“, 9 „против“ и 24 „воздржани“, тој стана еден од петте потпретседатели на Собранието на Косово.

Покрај гласовите од Движењето „Ветевендосје“ и некои од пратениците од немнозинската несрпска заедница, тој ги обезбеди и гласовите на пратениците од Демократската лига на Косово.

Пратениците на Демократската партија на Косово и на Алијансата за иднината на Косово се воздржаа, додека Српската листа гласаше против.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 8 месеци криза, конституирано е косовското…

Претседателот на Собранието на Косово, Димал Баша,…

Османи: Србија се обидува да купи гласови…

Косовскиот претседател Вјоса Османи изјави дека Србија…

Косовската полиција го уапси аналитичарот Фатмир Шехоли…

Полицијата на Косово, во тесна соработка со…

Костадинов: Србија е изложена на напади, признавањето…

Лидерот на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов, изјави…

Рама за сојузот со Косово и Хрватска:…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека договорот…