Мециновиќ: Градот мора да им служи на граѓаните – не на партиите

t

Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, на денешната прес-конференција го стави фокусот на работниците од јавните претпријатија и на дигитализацијата на градската управа. Тој им се заблагодари на вработените кои ја поправија хаваријата на водоводот и истакна дека токму тие го одржуваат градот, а не политичарите.

Мециновиќ порача дека нема да има „чистки“ меѓу јавните работници, туку подобрување на нивните услови за работа. „Градоначалникот не чисти смет, тоа го прават работниците. Затоа тие мора да имаат достоинствени услови“, нагласи тој.

Тој најави проект за дигитализација преку натпревар меѓу млади програмери, без тендери и партиски посредници. Победничкиот тим ќе добие награда и можност за вработување во Град Скопје.

Во план е и отворање на градската управа кон граѓаните со двосменско работење на шалтерите, платформа „Мој советник“ за следење на советниците и граѓанско тело што ќе ги следи одлуките на Советот.

Тој предупреди на обиди за приватизација на јавните претпријатија „Комунална хигиена“, „Дрисла“ и можеби ЈСП. „Ќе ни ја земат и водата ако не застанеме“, рече тој и додаде дека Левица се залага за јакнење на јавниот сектор.

„Нашите програмери, работници и граѓани го градат градот, треба само да им се даде можност. Градот мора да им служи на граѓаните, не на партиите“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…