Мециновиќ: Скопје мора да излезе од анахронијата – Време е за градски воз и електрични автобуси

t

На дебатата во рамки на предизборните активности, кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека јавниот превоз претставува социјално прашање и прашање на заштита на животната средина, а не само инфраструктурен предизвик.

„Со решавањето на јавниот транспорт ќе се решат и низа други проблеми – дел од аерозагадувањето, како и социјалните тешкотии со кои се соочуваат скопјани“, нагласи Мециновиќ.

Тој остро ја критикуваше идејата за воведување на системот БРТ (Bus Rapid Transit), оценувајќи дека зад него стојат бизнис интереси на фирми блиски до партиите кои со години владееле со Градот.
„БРТ е наменет за оние што можат да бетонираат и да асфалтираат, а не за решавање на суштинскиот проблем – недостиг на брз и ефикасен јавен превоз“, посочи тој.

Мециновиќ истакна дека железничкиот превоз е најефикасниот и најсовремениот модел во светот, кој треба да се воведе и во Скопје.
„Градот мора да го напушти анахрониот модел што не одговара на неговата густина и потреби. За нов тип на транспорт потребна е соработка со Министерството за транспорт и врски, со цел воспоставување на оска север–југ со градски воз, како темел на комбинираниот систем“, објасни Мециновиќ.

Тој предложи и набавка на електрични автобуси, но кои би биле вклучени во нов циркуларен систем што ќе го поврзува градот поефикасно и ќе го поддржува комбинираниот транспортен модел.

„Во изминатата година државата се задолжи 7 милијарди евра – има средства за крупни проекти. Владата и онака на секои десет години троши по 150 милиони евра за нови автобуси, што е неисплатливо на долг рок“, истакна Мециновиќ, додавајќи дека потребна е долгорочна стратегија за јавен превоз кој ќе им служи на граѓаните, а не на изведувачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ: Скопје мора да излезе од анахронијата…

На дебатата во рамки на предизборните активности,…

(Видео) Албанија ја победи Србија во фудбал…

Албанците во Скопје ја слават победата на…

Шукова: За две години Скопје ќе добие…

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од…

Од утре секој ден по 15 часот…

Од утре, ќе има мирни јавни собири…

Мециновиќ: Градот мора да им служи на…

Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Град…