Објавено на:

Папата вели дека примирјето во Газа дава „искра на надеж“

t

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“.

Тој ова го кажа во обраќање за време на неговата неделна молитва пред десетици илјади верници собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

– Ги охрабрувам сите вклучени страни храбро да продолжат по патот што го избраа, кон праведен и траен мир што ќе ги почитува легитимните аспирации на израелскиот и палестинскиот народ, изјави поглаварот на 1,4 милијарди католици во светот.

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако првата фаза на прекинот на огнот стапи во сила претходниот ден.

– Повеќе од половина милион лица се вратиле во Газа (Сити) од вчера, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана, службата за спасување која работи под надлежност на Хамас.

На снимки објавени од светските медиуми се гледаат Палестинци кои се враќаат во градот Газа, многумина од нив веејќи палестински и египетски знамиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата вели дека примирјето во Газа дава…

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за…

Нетанјаху: Израел е подготвен за итно ослободување…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…

200 американски војници пристигнаа во Израел: Ќе…

Двесте американски војници пристигнаа во Израел за…

Во Египет на почетокот на следната недела,…

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да присуствува…

Во разрушената Газа се вратија 500.000 Палестинци

Израелската војска соопшти дека во Газа е…