Д-р Јован Божиновски е нов директор на Клиниката за неврологија – комисии ќе испитуваат како д-р Кузмановски работел без лиценца

t

Д-р Јован Божиновски е именуван за нов в. д. директор на Клиниката за неврологија, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу. На 10 октомври Алиу го разреши претходниот директор д-р Игор Кузмановски, откако доцна вечерта, се појави видео со Кузмановски, во домашна атмосфера, каде меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго лице.

„Формирана е комисија од Министерството за здравство, побарав инспекциски надзор за  работата на докторот. Се испитува во ‘Мој термин ‘дали во периодот од 15 март, кога му истекла лиценцата, до 8 август, кога станал директор, работел со пациенти. Случајот ќе го испитува и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Повеќе од ова не можам да дадам информации“, рече министерот.

Д-р Божиновски рече дека Клиниката се наоѓа во специфичен момент, но уверува дека ќе функционира непречено. Тој најави дека и на Клиниката ќе има две комисии кои ќе ја испитаат работата на д-р Кузмановски.

Слободен печат: Лекарската комора не може да му ја одземе лиценцата на д-р Игор Кузмановски, зашто нема активна лиценца

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласија од СПМ откако вчера им…

Социјалистичката партија на Македонија се огласи откако…

Д-р Кузмановски три месеци ќе треба да…

Д-р Игор Кузмановски, поранешниот директор на Клиниката…

Нов скандал: Пред да се појави видеото,…

Неколку денови пред да биде објавено компромитирачкото…

Филипче за директорот на Неврологија кој земал…

На новинарско прашање како го коментира најновиот…

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања…

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во…