Ацевски: Стојкоски има реализирано НУЛА капитални проекти, ја ветува истата нереализирана програма од 2021 година!
Општина Ѓорче Петров нема реализирано ниту еден капитален прокет, Стојкоски ги ветува истите проекти што ги ветувал и во 2021 година, истакна во гостување во „Слободен печат“ кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски.
– Општина Ѓорче Петров нема реализирано ниту еден капитален прокет. Нема алтернативна сообраќајница за цел еден дел од Општината, односно за наслеените места Волково, Кисела Јабука, Ново Село, Даме Груев, уште еден излез од тој дел на Општината кон останатиот дел од Градот Скопје. Целиот тој дел кој забрзано се развива, забрзано се гради, целиот тој дел се поврзува преку една сообраќајница.
Нема пробивање на ул. Лука Геров кон Стопански Двор, не е направена ниту една градинка, ветуваа две, само во една урбана заедница, сега ветуваат пет, нема кружни текови, не е решен проблемот со притисокто на водата, објасни Ацевски.
Тој додаде дека Стојкоски повторно ги ветува истите проекти кои ги ветувал и во 2021 година, а не се реализирани за време на неговиот мандат како градоначалник.
– Таа програма со која мавта Стојкоски, треба да одговори зошто во програмата му се истите ветувања, само проширени и надградени. Тогаш ако ветувале две градинки, сега не се направени ниту една, ама ветуваат пет. Ако ветувале две сообраќајници, сега ветуваат три, рециклирани им се истите ветувања.
Ветуваа катни гаражи, не ни има катни гаражи во тој катастрофален ДУП со хемиски фабрики за Александрија. Секогаш имаат добри изговори да донесат нови висококатници, највисоката зграда во Ѓорче е десет ката, сега ќе биде над дваесет, вели Ацевски.
Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?
Под превезот на населба за млади, Имер Селмани ќе добие можност да изгради нова висококатница во Општина Ѓорче Петров, вели во гостување во „Слободен печат“ кандидатот за градоначалник од СДСМ, Костадин Ацевски.
– Сега има планирано една нова населба со убаво име, „Богородица“, за млади брачни парови во Ново Село, но таму најавуваат дека ќе донесат урбанистички план. Но не кажуваат дека веднаш до црквата во Ново Село, и на просторот веднаш до државното земјиште кадешто ја предвидуваат таа населба, 5.500 квадрати има истиот инвестититор на кој му доделија висококатница во СЗ 16, Имер Селмани. Така да, секогаш убави изговори, ќе имало населба за млади брачни двојки, ама тоа се урбанистички планови кои предвидуваат нови и нови згради.
Они кажуваат дека во ДУП-от за Хром, кадешто веќе е невозможно да се функционира, дека бил донесен пред нив, меѓутоа поминати се две години и можат да го сменат, може да не издаваат дозволи за градби кадешто нема локалциски услови, а нема локациски услови. Дополнително таму кадешто е предвидено индивидуално домување, куќи, таму никнуваат згради.
Нивната идеја и визија за развој е само прз профит, нашата идеја е хуман развој на Ѓорче, значи човекот пред профитот. Прво да се стопира бетонизацијата особено во централниот дел на Ѓорче, да се стопира издавањето на градежни дозволи за згради, да нема згради повисоки од 5-6 ката. Образложението дека поздрави биле висококатници за животната средина, не е точно, висококатници многу поштетно влијаат на животната средина од повеќе аспекти, вели Ацевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ацевски: Стојкоски има реализирано НУЛА капитални проекти,…
Општина Ѓорче Петров нема реализирано ниту еден…
Рама: Западен Балкан не е проблем што…
Албанскиот премиер, Еди Рама, на отворањето на…
Мицкоски од Росоман: Ќе ме распарчеле и…
Во кампањата треба да направиме и еден…
Македонија се соочува со ризик од недостиг…
Научниците сè почесто предупредуваат дека климатските промени…
Aрената речиси распродадена, фудбалерите вечерва ќе имаат…
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во натпреварот против…