Д-р Јован Божиновски е нов директор на Клиниката за неврологија
Клиниката за неврологија доби нови директор. На местото на доктор Игор Кузмановски, кому му пресуди скандалозното видео со дрога, доаѓа Јован Божиновски. Но, случајот доби и нова димензија. Министерот Алиу потврди дека Кузмановски немал активна лиценца. Формирана е комисија, почнат е и инспекциски надзор за да се извршат детални проверки.
Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски во моментот нема активна лиценца за работа, бидејќи важноста и истекла на 15 март. Докторот поднел барање за продолжување, но се поставува прашање дали и како лекувал пациенти пред неговото именување за директор август.
Кузмановски беше разрешен од директорската функција по објавувањето на скандалозното видео на кои се гледаат линии и се зборува за дрога. Во Министерството за здравство е формирана комисија за случајот, побаран е и вонреден надзор.
Во сабота е формирана комисија која ќе ги обедини сите документи, ДСЗИ ќе појдат на клиниката.
Две интерни комисии се формирани Неврологија, потврди новиот директор Јован Божиновски.
Надлежните информираа дека против поранешниот директор ќе биде поведена и дисциплинска постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Д-р Јован Божиновски е нов директор на…
Клиниката за неврологија доби нови директор. На…
„Фајненшл тајмс“: Зеленски можно е оваа недела…
Американскиот претседател Доналд Трамп може да го…
Ацевски: Стојкоски има реализирано НУЛА капитални проекти,…
Општина Ѓорче Петров нема реализирано ниту еден…
Рама: Западен Балкан не е проблем што…
Албанскиот премиер, Еди Рама, на отворањето на…
Мицкоски од Росоман: Ќе ме распарчеле и…
Во кампањата треба да направиме и еден…