Уште една штипска конфекција ги остави вработените без повеќе плати и им даде откази

t

BLS Moda Ekskluzif е името на текстилната конфекција од Штип, која ги остави своите 34 вработени без плата за август и септември. Ова е трет ваков случај во Штип периодов, после Елит Фешн, која имаше 54 вработени и Европа Фешн со над 90 вработени.

Она што им е заедничко на овие три компании е што нивните сопственици и управители се странци. Законски, странец кој е управител на фирма во Македонија има обврска да има свој полномошник државјанин на РМ, нешто што никој од тројцата управители не го сторил.

Она што е различно кај овие три компании, е што Елит Фешн и Европа Фешн им дале откази на вработените заради деловни причини, додека BLS Moda Ekskluzif им дала откази на вработените заради истекување на договорите на определено време.

Вработените во BLS Moda Ekskluzif, бидејќи се без извор за егзистенција, побарале од фирмата откази, по што им биле дадени откази заради истекување на договори на определено време, наместо откази од деловни причини, какви во реалноста се причините за отказот и со кој вработените би имале поголеми права пред Агенцијата за вработување во однос на надоместоци.

Сега, откако ги добија отказите, си ги бараат неисплатените плати:

„Работниците сме оставени без средства и без никакво известување од страна на раководството. За овој проблем се обративме до Управата за јавни приходи, Трудовата инспекција и други надлежни институции, но досега нема никаква реакција.

Наместо поддршка, се соочивме со пасивност, пристрасност и очигледна корупција во институциите кои треба да ги заштитуваат работничките права. Дополнително, забележуваме дека надлежните органи се повеќе ангажирани околу политички кампањи, отколку околу решавање на проблемите на обичните граѓани и работниците кои чесно ја заработуваат својата плата.Со оглед на тоа што се работи за холандско-македонска компанија, очекувавме транспарентност и европски однос кон вработените, но за жал – реалноста е сосема поинаква.“ – велат работниците.

Канал 77 ги контактираше УЈП и Трудовиот инспекторат.

Управа за јавни приходи
Од УЈП велат дека тие постапуваат во рамките на своите надлежности:

„УЈП редовно доставува до Државниот инспекторат за труд (ДИТ) листи на работодавачи за кои УЈП доставила опомени за неплатени месечни пресметки за интегрирана наплата (МПИН) за претходниот месец во законски предвидениот рок до 15-ти во месецот и за неплатени МПИН пресметки за претходни периоди кои се задоцнето поднесени, како и решенија за службено утврдување на долг заради неподнесена МПИН пресметка во износ врз основа на последната поднесена МПИН пресметка и опомени за неплатен долг по службено утврдување заради неподнесена МПИН пресметка.

Веднаш по истекот на законскиот рок за плаќање и целосна обработка на податоците за сите МПИН пресметки и уплати, УЈП доставува опомена до оние должници кои не ја платиле МПИН пресметката. Согласно законските одредби, опомената се смета за уредно доставена петтиот ден после денот на испраќање со електронска достава (на е-пошта адреса), а рокот за плаќање од страна на должникот е една седмица после денот на уредна достава на опомената. УЈП по овие законски рокови изготвува решенија за присилна наплата од парични средства во банка (блокади), кои ги доставува на извршување кај носителите на платен промет за сите кои не уплатиле МПИН пресметки. Со блокада наплатата се извршува кога на трансакциска сметка има доволен паричен износ.“ – велат од УЈП.

Од Инспекторатот за труд потврдија дека има пријава за посочената фирма и дека во моментов се води постапка против работодавецот.

Инаку, постапката е таква што трудовиот инспекторат најпрво ќе мора да му достави опомена на работодавачот да ги исплати платите, а доколку тоа не го стори во дадениот рок, инспекторатот му издава наредба. Доколку работодавачот не ја исплони ниту наредбата, следува казна за фирмата и управителот и постапка за порамнување, по што предметот од инспекторатот го презема Министерството за економија и труд, кое започнува прекршочен предмет.

Од здруженијата за правата на работниците ги предупредуваат работниците да бидат особено внимателни во вакви случаи, да се информираат добро за своите права и доколку причината за неработењето е компанијата, да добијат откази од деловни причини, по што фирмата ќе биде должна да им исплати отпремнина и ќе имаат право на надомест од Агенцијата за вработување, во висина и временски период зависно од стажот и платите кои ги имале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште една штипска конфекција ги остави вработените…

BLS Moda Ekskluzif е името на текстилната…

„Ме скрши Пане мој“: Се огласи Ана,…

Ана Костадиновска, пејачка на групата „ДНК“, една…

Јакимовски воведува субвенција за бушење на бунари…

Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина…

Стефан Богоев започнува сопствен бизнис, ќе продава…

Поранешниот градоначалник на Карпош и поранешен директор…

Москва го обвини Ходорковски за заговор за…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) отворила…