Османи: Дивоградби во Чаир нема да има тоа го ветувам по цена на избори
Во вечерашната Топ Тема се соочуваат кандидатите за градоначалници на Општината Чаир. Бројни ветувања доаѓаат од Изет Меџити од Влен како и од Бујар Османи од Националната алијанса за интеграции. И двајцата кандидати со свои архитекти се подготвени и ветуваат дека да ќе го сменат рувото на Чаир и ќе ја направат општина по светски стандарди.
„За жал кога ќе го спомнете Чаир низ целата држава, па и пошироко синоним се дивоградбите и корупцијата. Мислам дека тоа е најголем проблем и е извор на сите други проблеми. Има три категории на дивоградби. Најпроблематичните се комерцијалните згради кои се изградени на државно земјиште, без никаков план, без да се платат комуналиите, со тоа е оштетен буџетот и тие пари завршиле некаде на друго место. Граѓаните кои ги купиле тие станови не добиле документ, а има и случаи каде се препродавани, тие се без план и паркинг места. Има и случаи каде станбени згради се легализирани како хотелски апартмани со цел да се плати само 7 евра за нив, а не 140 евра колку што треба. Не само што е со милионски суми оштетен буџетот, туку и тие дивоградби го имаат задушено Чаир и тој според сите параметри неколку години веќе целосно колабира во сите свои функции“, објаснува Бујар Османи кандидат за чаир од Националната алијанса за интеграции.
Османи тврди дека дивоградбите се дел од процес на организиран криминал и урбана мафија, и дека во договор со општината, мафијата ги зазела сите државни парцели, надвор од сите планови, градела, ги „антидатирала“, ги правела како да се пред 2011 година, а потоа дури и ја изгорела архивата, и дека тоа се стотици милиони евра кои се исрцепни од граѓаните.
Во однос на социјалните градби и куќи, Османи рече дека тука нема да има проблем. Тие што купиле дивоградби и животот им е претворен во кошмар, немаат добиено документ, немаат лифт на нив ќе им биде помогнато.
„Нова дивоградба и нова зграда во Чаир без план под мое надгледување нема да има и тоа го ветувам по цена и на избори и на било што, бидејќи, ако тоа не го прекинеме уште првиот ден Чаир колабира целосно“, додава Османи.
За урбанизација и решавање на проблемот со дивоградбите Османи вели дека доаѓа со план на почеток заедно со архитектот Мишел Ројкинг кој е избран од „Форбс“ за еден од 10-те највлијателни архитекти во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Серија дојави за бомби ги крена борбените…
Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони…
Трамп: „Суперинтелигенцијата е ЗЛАТО, само луди лидери…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази силна…
Малолетничка нападната од својот вонбрачен партнер и…
На 05.11.2026 во 20:00 часот во ОВР…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека податоците на…