Ѕвездено небо во чест на Панчо вечерва на плоштадот во Штип
Штип вечерва ќе го подигне погледот кон небото за да му оддаде почит на човекот што светеше меѓу нас – Панчо кој беше повреден во трагичниот пожар и денеска ја загуби битката за живот.
Во негова чест, граѓаните ќе се соберат во 20:00 часот на Градскиот плоштад под мотото „Ѕвездено небо во чест на Панчо“, симбол на светлината што ја остава зад себе.
Организаторите повикуваат сите што го познаваа, но и сите што сакаат да изразат поддршка и сочувство, да го споделат повикот и да присуствуваат.
„Небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас,“ стои во повикот што брзо се шири на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот на штипската болница: Ако се докаже…
*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…
Девојка остана во инвалидска количка по царски…
По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…
Неколку милиони денари ќе чини покривот на…
Завршувањето и целосното опремување на новиот болнички…
Истрага за полов напад врз малолетно девојче…
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за…
Сопругата на Панчо за полуматурата на синот…
Андреја – синот на починатиот музичар Владимир…