Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

t

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја пречека претседателка на ЕK, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на земјава.

Во Владата, како што е најавено, во тек е билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата.

Претседателката на ЕК Фон дер Лајен завчера од Тирана ја почна својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки денеска допатува во Скопје.

Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне и со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: „Суперинтелигенцијата е ЗЛАТО, само луди лидери…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази силна…

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека податоците на…

Велешанецот со „кубанската вакцина“ добил забрана за…

Четириесет и седумгодишниот М.А. од Велес, добил…