При изведба на градежни работи поради невнимание урнат ѕид од струшка куќа заштитена како културно наследство
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро во Струга, во сокачето на Миладиновци, срушен е јужниот ѕид од стара струшка куќа, заштитена како културно наследство.
Директорот на националната установа Завод и музеј Охрид Горан Патчев, за МИА информира дека направиле увид, ќе се стопира работата на терен и ќе се направи проценка на штета, по што ќе се преземат итни неопходни мерки за спречување натамошно оштетување.
Објектот што се уривал не бил под заштита, но при изведба на работите не било водена сметка, при што дошло до обрушување на дел од земјиштето и кровот на старата струшка куќа.
– Направивме првичен увид, се известува нашата инспекција од Управата за заштита на културното наследство и тие ќе дојдат на увид и ќе дадат натамошни смерници – појасни Патчев.
Како стручна институција, Завод и музеј ќе направи проект за санација и реконструкција.
Се работи за стара куќа, која имала заеднички ѕид со објектот што се уривал, која била изложбен простор со етнолошки елементи. Направена е материјална штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…