Нов скандал: Пред да се појави видеото, жена го пријавила д-р Кузмановски од Неврологија дека ѝ праќал заканувачки пораки
Неколку денови пред да биде објавено компромитирачкото видео на коешто се гледа како докторот од Клиниката за неврологија Игор Кузмановски меша бела прашкаста супстанција и зборува за квалитетот на „белото“, во полициска станица Карпош во Скопје, 54-годишна жена пријавила дека од септември тој ѝ упатувал заканувачки пораки по телефон. Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ потврди дека пријавата е примена и најави поднесок.
„На 4 октомври 2025 година во 20 часот, во СВР Скопје 54-годишна жена пријавила дека од месец септември И.К. од Скопје ѝ упатувал заканувачки пораки по телефон. Со него е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР за „Слободен печат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов скандал: Пред да се појави видеото,…
Неколку денови пред да биде објавено компромитирачкото…
Филипче за директорот на Неврологија кој земал…
На новинарско прашање како го коментира најновиот…
ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД АЗБЕСТОТ СЕ СТРАШНИ: Д-р Трајковски…
Д-р Бојан Трајковски објасни кои се штетните…