Штипјани го продадоа кучата: Сведоците изјавија дека родители од Шкупи уствари не ги тепале децата од Брегалница

t

Завршните зборови на Обвинителството и одбраната денес беа слушнати во Основниот суд Штип, на судењето кое во неколку рочишта се одвиваше по повод инцидентот што се случи на фудбалскиот натпревар помеѓу младинските екипи на ФК Брегалница и ФК Шкупи.

Во текот на денешното рочиште, родителите на децата од ФК Брегалница, кои сведочеа во судницата, изјавија дека никој не ги тепал нивните деца, туку дека тие сами паднале и се повредиле за време на турканицата на теренот.

Претходно, јавноста беше информирана дека родител на дете од ФК Шкупи влетал на теренот и физички нападнал две деца од ФК Брегалница, при што тие се здобиле со повреди.

Судењето е во завршна фаза, а по изнесените завршни зборови, се очекува судот наскоро да ја донесе својата пресуда.

Неофицијалните информации велат дека наводно дел од сведоците го промениле своето мислење за илјада евра по човек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…