Шукова: Јавните претпријатија мора да станат вистински сервис за граѓаните

t

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, истакна дека нефункционалноста на јавните претпријатија е еден од најголемите проблеми на градот и дека токму таму ќе започне првата сериозна реформа.

„Граѓаните редовно плаќаат сметки, а не добиваат соодветна услуга. Тоа мора да се промени. Јавните претпријатија треба да бидат сервис на граѓаните, а не на партиите,“ изјави Шукова во интервју за „360 степени“.

Таа најави целосна реорганизација на јавните претпријатија, анализа на нивната ефикасност и воведување јасни стандарди на отчетност и транспарентност.

„Ќе воспоставиме функционален систем кој ќе работи за граѓаните, а не против нив. Се што плаќаат мора да се врати во услуга – чисти улици, редовен превоз, уредени паркови,“ додаде таа.

Шукова исто така посочи дека ќе се заложи симболите на Скопје, како Градскиот трговски центар, да се вратат под управување на Градот, за повторно да станат јавен простор наменет за младите, културата и заедништвото.

„Скопје мора повторно да стане град што функционира, со институции во служба на граѓаните,“ порача Шукова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…

СДСМ го прозва обвинителот за случајот Гостивар:…

Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС кога…

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот…

СДСМ: Отруена е цела Македонија, а никој…

„Поради тендер патриотите Христијан Мицкоски и Сашо…

Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче…

Талогот од СДС и предавникот Филипче не…