Шукова: Скопјани на 19 октомври да гласаат за визија, знаење и резултати
Граѓаните на Скопје на 19 октомври да гласаат за визија, знаење и резултати, порача денеска кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова.
Шукова на прес-конференција пред утрешниот изборен молк повтори дека зад неа стои чесен и професионален тим кој знае како да го направи Скопје модерен, среден и урбан град.
Таа напомена дека целата нејзина кампања изминатите денови се водела со фокус на конкретни решенија што го враќаат животот во градот.
-Имаме решенија и за најтешките проблеми отпадот, Дрисла, Вардариште. Со професионално управување, современи технологии и европски стандарди, Скопје конечно ќе стане чист и одржлив град. Скопје е нашиот дом и време е да се избориме за него, истакна Шукова.
Кандидатката за градоначалничка го претстави, како што напомена, јасниот план за Скопје што повторно ќе дише, ќе се движи и ќе живее подобро – со повеќе зелени површини, нови паркови, ботаничка градина, чист Вардар и безбеден сообраќај.
-Визијата за Скопје подразбира град без урбан хаос, со пешачки зони, велосипедски патеки и јавен превоз што функционира, град каде жените имаат поддршка, младите можности, децата едукација и забава, а уметниците слобода. Мојата визија се темели на знаење, чесност и паметно управување. Имаме план и тим што може да го реализира. На 19 октомври, гласајте за број 5 за мене и за советничката листа на СДСМ. Гласајте за Скопје што се бори. Скопје што верува. Се бориме за нашиот дом, подвлече Шукова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…
Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…
Андоновска: Со години институциите пријавувале неправилности со…
Мали Фрчко не само да намали, туку…
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
СДСМ го прозва обвинителот за случајот Гостивар:…
Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС кога…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот…