Одобрено обвинението против сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за трагедијата во „Пулс“
Судот во целост го одобри и второто обвинение поврзано со случајот „Кочани“, во кое обвинет е сопственикот на агенцијата за обезбедување РУБИКОН, Александар Нацев.
„Советот за оценка на обвинител акт, постапувајќи по дополнителното обвинение со КО 2317/25 поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, донесе решени со кое во целост го одобри актот.
Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на Јавниот обвинител, истиот се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје.
Согласно одобрениот акт, формиран е кривично правен предмет со К.бр. 1970/25 кој согласно АКМИС – системот е веќе распределен кај судија Биљана Смаќовска на понатамошно постапување. За сите нови информации со постапката, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени“ информираат од Кривичен суд.
На обвинетиот ќе му се суди за сторено кривично дело Тешки дела против општата сигурност.
Обвинение против сопственикот на РУБИКОН очекувано е да се спои со големото против останатите 34 лица и три фирми, а тоа пред да почне судењето треба да го побара Јавното обвинителство.
Судењето за случајот „Кочани“ за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 63 млади луѓе, а 200 останаа повредени, ќе започне на 19 ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
244 сведоци предложени од одбраната во случајот…
Судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската…