За локалните избори акредитирани се 1.451 набљудувач
Осмите Локални избори во Македонија ќе ги мониторираат 1.451 домашни и странски набљудувачи. ДИК акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари.
Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 549.
Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, Интерактив Битола со осум, Ромалитико-Скопје – 10, Здружение за општествен развој „ЗА ТЕТОВО“ – пет, Национален совет за родова рамноправност – 25, Здружение Планинарски спортски клув „КАБ Струга”, Струга – 16, Евротинк-Центар за европски стратегии – четворица, Здружение на граѓани ЦИВИЛ Центар за слобода – Скопје – 60, Здружение на граѓани за зајакнување на демократските вредности ТРИ СИ КОНСАЛТИНГ – Скопјe T – шест, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД – 27 набљудувачи, Национална мрежа Жените за жените – 20…
Според податоците од официјалната веб страна на ДИК, најмногу меѓународни набљудувачи на Локалните избори 2025 има акредитирано ОДИХР -Канцеларија за демократски институции и човекови права – 524, Aмбасада на САД во Скопје – 30, Европски Парламент – 12, Британска Амбасада во Скопје – 11, Државна Изборна Комисија на Хрватска – двајца, Унгарската амбасада – осум, Центар за развој, реформи и обуки на изборни систем Грузија – двајца…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот маченик Арета
Овој Свет маченик пострада за Христовата вера…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…