Елитна американска воена единица вежба напади во близина на Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп распореди елитни сили во близина на брегот на Венецуела, зголемувајќи го военото присуство во регионот на Карибите, објави „Њујорк пост“. Според весникот, групата што веќе е во оперативната зона го вклучува и познатиот 160-ти полк за специјални операции на американската воена авијација – „Ноќни сталкери“.
Оваа единица, позната по своите тајни и високоризични мисии, користи напредни хеликоптери MХ-60 „Блек-хок“ и лесни транспортни хеликоптери МХ-6 Литл-бирд, специјално опремени за операции во ограничени и недостапни области.
„Ноќни сталкери“ се дел од ударната структура на американските специјални сили и во минатото биле вклучени во некои од најчувствителните операции низ целиот свет.
Според извори на „Њујорк пост“, членовите на оваа единица моментално учествуваат во воени вежби на островот Тринидад, кој се наоѓа околу 800 километри источно од главниот град на Венецуела, Каракас. Во вежбите учествуваат и други сегменти од американските сили, што укажува на пошироки маневри во регионот што повторно е во фокусот на Вашингтон во последните години.
Пензионираниот полковник на морнарицата и воен аналитичар Марк Кансијан оцени дека вклучувањето на „Ноќни сталкери“ во овие маневри не е случајно.
„Нивното присуство покажува дека единицата се подготвува за мисии за борба против нарко-картелите, но и за потенцијални напади врз владини цели“, рече Кансијан, додавајќи дека хеликоптерите МХ-6 Литл-бирд ги користи исклучиво овој полк, што ги прави препознатлив симбол на американските специјални операции.
Аналитичарите во Вашингтон укажуваат дека зголеменото присуство на американските сили на Карибите може да има двоен карактер – официјално како борба против трговијата со дрога, но во пракса како сигнал за притисок врз владата во Каракас. Се потсетува дека односите меѓу САД и Венецуела повторно се затегнаа по неодамнешните несогласувања околу енергетските санкции и изборниот процес во таа земја.
Зголемените активности на американската војска во регионот повторно отвораат прашања за стратешките намери на Вашингтон кон Латинска Америка, додека многу коментатори предупредуваат дека овој потег би можел да има многу пошироки геополитички последици од неговата официјално објавена цел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Елитна американска воена единица вежба напади во…
Американскиот претседател Доналд Трамп распореди елитни сили…
Трамп: Американската војска уништи подморница која со…
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека…
Кина е подготвена за нови трговски разговори…
Кина е подготвена за нови трговски разговори…
САД се повлекуваат од планот за „томахавките“,…
Наместо испорака на крстосувачки ракети „томахавк“ со…
Лавров: Доколку САД испратат ракети во Украина,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…