Кандидатите за Град Скопје ги повикуваат граѓаните да го остварат своето право на глас
Денеска се одржуваат Локални избори во Република Македонија, каде граѓаните бираат Градоначалници и советници.
Кандидатите за Град Скопје, Каја Шукова, од СДСМ, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Амар Мециновиќ од Левица и Александар Трајановски од Искуство за успех, го остварија своето право на глас и повикуваат на масовна излезеност.
„Јас го остварив своето право на глас и ги повикувам сите граѓани да го сторат истото затоа што така заеднички придонесуваме за подобра иднина на нашиот град.“ – повикува Шукова.
„Ве повикувам да излезете масовно, да го остварите своето право на глас и да го направите изборот што го заслужувате вие, вашите деца и генерациите што доаѓаат.“ – напиша Ѓорѓиевски.
„Ве повикувам сите да излезете и да го остварите своето демократско право – во интерес на Скопје, сите наши скопски општини, како и на цела Македонија!“ – повикува Мециновиќ
„Не барајте надоле, останете со пенкалото на врвот на листата.“ – порача Трајановски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…