Две телевизии го прекршија изборниот молк, вчера емитувале политичка програма

t

Врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 14 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025.

Спротивно на Изборниот законик, ТВ Компани 21-М на 18 октомври, првиот ден од изборниот молк, емитуваше реприза на посебната информативна програма Клик плус – Изборни дебати, премиерно емитувана на 17.10.2025, реализирана како дебата во која учествуваат тројца кандидати за градоначалник на Општина Центар, односно емитуваше информации и аудиовизуелни материјали во кои учествуваат учесници во изборите.

ТВ Шутел на 18 и 19 октомври за време на двата дена од изборниот молк, емитуваше информации и аудиовизуелни материјали во кои учествуваат учесници во изборите, односно емитуваше музички спот и документарна емисија во кои се појавува кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два притвори, еден куќен притвор и мерки…

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство…

„Гугл“, „Мета“ и „Тикток“ ја тужат Калифорнија:…

Технолошките гиганти Гугл, Мета и Тикток отворија…

Министерство за одбрана до ДУИ: Целата постапка…

По обвинувања од политичка партија за наводно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува…

Судското рочиште за предметот „Државна лотарија“, кое…