Милошoски ја погази изборната тишина – политички притисоци без покритие во Струмица

t

„Антонио Милошески денеска грубо ја погази изборната тишина и се осмели во време на гласање да прејудицира резултати“, објави една општинска организација.

Тоа не е политички чин, тоа е манипулација, притисок и паничен обид да се влијае врз волјата на граѓаните.

Со лоша математика и уште полоша проценка, Милошески покажува само едно, страв од пораз и обид да го замаскира истиот со евтини бројки.

Ако навистина се борат за својот човек, тогаш секој нека си остане во својата општина!

Струмица не е терен за туѓи политички циркуси и измислени сценарија.

Го повикуваме Милошески по 19 часот, кога ќе излезат официјалните резултати, да дојде пред седиштето на нашата партија и таму јавно да ги повтори бројките што денес ги измисли.

Ако има храброст, нека го направи тоа!

Но знаеме дека нема, затоа што вистинските резултати ќе бидат спротивни од неговите „проекции“.

Струмичани не се предмет на манипулација.

Струмичани гласаат слободно, гордо и по сопствено убедување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два притвори, еден куќен притвор и мерки…

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство…

„Гугл“, „Мета“ и „Тикток“ ја тужат Калифорнија:…

Технолошките гиганти Гугл, Мета и Тикток отворија…

Министерство за одбрана до ДУИ: Целата постапка…

По обвинувања од политичка партија за наводно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува…

Судското рочиште за предметот „Државна лотарија“, кое…