Мацут: Работиме на проект за брза железница помеѓу Белград и Ниш, и во Скопје брзо работат на модернизација железницата
Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, денеска изјави дека работат на проект за брза железница помеѓу Белград и Ниш, а подоцна дека ќе биде поврзана во јужна насока и многу брзо кон Грција.
„Од македонска страна постои големо разбирање за ова, а неодамна во разговорите со македонскиот премиер Мицкоски во Македонија, имав можност да ги разберам нивните намери брзо да работат на железницата, всушност на модернизацијата на железницата во Северна Македонија. Ова сигурно ќе не охрабри да ја забрзаме целата оваа приказна и сега од веќе финализираната, затворена приказна до границата со Унгарија, да се свртиме кон југ и да воспоставиме коридор“, рече премиерот Мацут во Лесковац, каде беше одржана денеска седница на Владата.
Тој изрази очекување дека тоа ќе биде извонредна можност, дека во блиска иднина од Белград за еден час или час и половина ќе се стигне до Лесковац.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тропски бури предизвикаа хаос на Филипините, најмалку…
Најмалку 23 луѓе загинаа, а илјадници беа…
Лишен од слобода битолчанец за предизвикување пожар
На 16.08.2026 во 15:40 часот, полициски службеници…
Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…
Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…
Ferrari „Luce“ – електричниот модел од 40…
Првиот целосно електричен Ferrari, кој годинава стана…
Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…
Во пожарот што во ноќта меѓу 13…