Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу за вториот круг во Скопје
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој во вториот круг влегува како претставник на владејачката коалиција, објави дека добил поддршка од новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу.
„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје, поддршка која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
Тој додаде дека благодарност должи на сите кои ја препознале неговата визија и ја дале својата доверба во првиот изборен круг.
„Заедно ќе го направиме нашиот град повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него. Скопје го правиме заедно. По скопски! Победата ќе биде историска!“, порача Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерство за одбрана до ДУИ: Целата постапка…
По обвинувања од политичка партија за наводно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува…
Судското рочиште за предметот „Државна лотарија“, кое…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…
РЕМ покрена нова постапка против телевизијата Информер
Советот на српското Регулаторно тело за електронски…