Пенов: Во Советот ќе се борам,нема да молчам

t

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов (68) ќе биде советник во Советот на Град Скопје.

Пенов влезе во Советот како носител на советничката листа на коалицијата Искуство за успех на Либерално-демократска партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите.

Драги скопјани, ‘

Доколку можев, би ви се заблагодарил лично на секој еден од вас кој вчера го дадовте гласот за мене и листата која ја предводев.

Влегувам во советот не за да преспијам четири години или да молчам, туку да се борам за подобро Скопје со решенија и проекти кои се надевам ќе бидат слушнати од останатите советници и новиот градоначалник кој и да биде тој.

Довербата која ја добив од вас е сила која ме обврзува да се залагам за нормализирање на ситуацијата во градот, да бидам разумот кој ќе поддржува добри проекти, но и кој ќе се спротистави жестоко кога работите нема да одат во добар правец.

Следете ме и уверете се дека вашиот глас завршил на право место, во човек кој нема да ве разочара и кој ќе биде вашиот глас во градскиот совет.

Секогаш на ваша страна!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон подготвува четири опции за Европа

Пентагон ќе му претстави најмалку четири опции…

Спајиќ: По затворањето на нови поглавја со…

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, на својот профил…

Тргнува градскиот воз во Скопје: Објавен возниот…

Од 1 септември почнува да сообраќа градскиот…

Не чека пеколен празничен ден – температури…

За празничниот ден не чека сончево и…

Сајбер-напад врз три британски аеродроми, украдени податоци…

Податоците на 8,7 милиони корисници се украдени…