Дизелот се намалува за еден денар, цените на бензините остануваат исти

t

Од ноќеска на полноќ за по еден денар од литар се намалуваат цените на дизел горивото и маслото за горење, и нивните максимални малопродажни цени ќе изнесуваат 67 денари за еден литар Еуродизел и 66,5 денари за литар Масло за горење. Цените на бензините не се менуваат и остануваат на 74 денари за литар Еуросупер 95 и 75 денари за литар Еуросупер 98.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,614 денари од колограм и тој ќе чини 36,047 денари за килограм.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), денеска информира дека донела одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 отсто во однос на одлуката од 13.10.2025 година.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,270%, кај дизелот за 3,247%, кај екстра лесното масло за 3,963% и кај мазутот намалувањето е за 3,144%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5468%, се вели соопштението од РКЕ.

Од 21.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,047 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот вечерва на полноќ, а трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува…

Судското рочиште за предметот „Државна лотарија“, кое…

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…

Дијалогот што во моментов се води во…

РЕМ покрена нова постапка против телевизијата Информер

Советот на српското Регулаторно тело за електронски…

Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…

Курсот на српскиот динар е стабилен, а…