Тезата “ако победи Амар, ќе го кочат исто како Данела” е јалова и обичен трик на ДПМНЕ
Тезата “ако победи Амар, ќе го кочат исто како Данела” е јалова и обичен трик на дпмне пуштен преку ботови (членството), за заплашување (оти само тоа знаат), пишува на Фејсбук професорката Тамара Јованов.
– Имено, дпмне јес да се луди, ама не до степен на самоубиство.
Имено, за 3 години следат парламентаени избори, а мандатот на градоначалник на Скопје ќе се поклопи со нивниот мандат.
Тешко да се осмелат по втор пат да прават вакви блокади ко на Данела, оти веќе на темава им врие на луѓето во градот и ќе ги чини прескапо да продолжат.
Ќе изгубат премногу гласови за парламентарни, а богами може да им се деси и народ на улици.
Од ова се плашат ужасно, како што покажаа со однесувањето досега за секој протест.
Башка, Амар е паметен и отворен за соработка со сите, за доброто на скопјани, а не за терање инает.
Затоа, да НЕ дозволиме да не’ УЦЕНУВААТ И ЛАЖАТ со цел да добијат лесна победа преку манипулација.
Мислете само на она што е исправно – истото како досега или сакаме нешто ново, свежо, различно, неизвалкано!
Наша е одлуката, наша е моќта – а не на силеџии кои преку уцена сакаат власт! – напиша Јованов.