Правниот застапник на М-НАВ: Забраната за штрајк на ССКЛ е законска, не сме побарале забрана на синдикално делување и на идни штрајкови

t

Наоѓањата на Граѓанскиот суд за забрана на штрајкот што на 20. месецов го најави Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ се апсолутно вистинити и законски основани. Решението е донесено од искусен судија кој има оставено белег во судот, оцени денеска Горан Николоски, овластен застапник на М-НАВ А.Д. 

Барањето за забрана на штрајк се однесува за точно најавен штрајк, со точно определени датуми и планови и програми за делување. Станува збор за целосна забрана на штрајк, кој е незаконски, а М – НАВ не побарал забрана на синдикално делувањето и на сите идни штрајкови, рече Николоски на прес-конференција, пренесувајќи го ставот на УО на М-НАВ дека организирањето на штрајкот е лична одмазда од Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.

Според Николоски, „Судот правилно утврдил дека известувањето за штрајк не содржи барање за заштита на права од работен однос, дека не е спроведена постапка за заштита од работен однос и оти ССКЛ како подружница нема правен легитимитет да организира, реализира и спроведува штрајкови“.

– ССКЛ е организиран како подружница на Независниот синдикат за сообраќај и врски. ССКЛ со оглед на начинот на кој е  регистриран нема правен легитимитет и правен субјективитет и не може самостојно да презема дејство. Целокупното постоење и функционирање е исклучиво во рамки на Независниот синдикат. Согласно позитивните прописи секој регистриран синдикат задолжително се запишува во регистарот на синдикати што се води во надлежното Министерство. Во тој регистар под реден број 65 е запишан Независниот синдикат за сообраќај и врски, а никаде не е запишана ССКЛ и согласно тоа не можеме да кажеме дека станува збор за синдикат кој презема мерки на основа на закон, рече Николоски. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правниот застапник на М-НАВ: Забраната за штрајк…

Наоѓањата на Граѓанскиот суд за забрана на…

Штрајкот на Контролата на летање се откажува…

Иако сметаат дека одлуката на судот за…

Судот го забрани штрајкот на контролорите на…

Судот го забрани штрајкот на контролорите на…

Грчките државни службеници денеска на 24-часовен штрајк

Државните службеници во Грција денес започнуваат 24-часовен…

Директорите на М-НАВ контра синдикатот: Контролата на…

Менаџерскиот тим на М-НАВ реагира на, како…