(Видео) Стаорци големи колку мачки роварат околу Владата!

t

Стаорците и глувците сè почесто се гледаат низ Скопје, во ситуација кога поради парализираните комунални служби, градот е затрупан од огромни „планини“ од ѓубре кои никој не ги собира.

На снимка што ни ја испратија читатели на „Слободен печат“, се гледаат големи стаорци во дупки од тротоарот на кејот на Вардар, во непосредна близина на зградата на Владата. Со оглед на близината, можно е стаорците низ подземните коридори и да имаат пристап и до подрумите на владината зграда.

Граѓаните кои ги снимиле глодарите, големи колку мачки, велат дека ги виделе како претрчуваат преку пешачката патека и им фрлиле малку леб за да ги намамат и да ги снимат.

Снимката доаѓа откако на игралиште во населбата Капиштец, десетгодишно дете било каснато од глушец, а лекарот-инфектолог и досегашен советник во Град Скопје, д-р Никола Пановски, предупреди дека огромните количества ѓубре на скопските улици може да предизвикаат вистинска наезда од стаорци.

 

Извор: Видео и текст Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…

Дијалогот што во моментов се води во…

РЕМ покрена нова постапка против телевизијата Информер

Советот на српското Регулаторно тело за електронски…

Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…

Курсот на српскиот динар е стабилен, а…

Белгиската полицијата ќе врши претреси во домовите…

Парламентот на Белгија изгласа контроверзен закон, со…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…