Д-р Даниловски: Колку ли глувци и стаорци се накотени досега кога ѓубрето се натрупува со месеци?

t

Епидемиологот Драган Даниловски реагира дека купиштата ѓубре во Скопје создале идеални услови за размножување на глувци и стаорци – познати преносители на сериозни заразни болести, лептоспироза, хантавирус, па дури и бубонска чума.

– Тие болести се пренесуваат преку урината, изметот, плунката и болвите на глодарите.

Познато е дека стаорците се размножуваат според експоненцијална прогресија: во период од само 18 месеци еден пар може да даде повеќе од еден милион потомци.

Тоа е биолошки факт. Експоненцијалниот модел претпоставува неограничени ресурси како храна, вода и простор. Таа претпоставка во Скопје е исполнета!

Прашањето што се поставува е:

Колку ли се накотени досега, кога условите се оптимални, а сметот се натрупува со месеци (и години)?

Епидемиолошките ризици во вакви услови се реални и растат експоненцијално, пишува универзитетскиот професор.

Денес имаме научна медицина, јавноздравствени системи и антибиотици, но би било неодговорно да дозволиме да се создава биолошки резервоар на зараза во срцето на главниот град.

– Каснувањето на дете од глушец во училишен двор е црвена линија што не смееше да се премине!

Преминат е Рубиконот. Нема назад.

Во медицината постои еден етички принцип – Primum non nocere („пред сè, не прави штета“).

Тој принцип мора да важи и надвор од медицината: за сите професии и институции што имаат допир со граѓаните.

Причините – организациски, политички или финансиски – стануваат ирелевантни кога се доведува во прашање здравјето и безбедноста на децата и граѓаните.

Потребна е најитна, координирана интервенција на сите надлежни институции – по потреба и со прогласување вонредна состојба на делови од територијата на градот. Првенствено заради дезинфекција, дезинсекција, дератизација и отстранување на ризикот по јавното здравје.

Откако опасноста ќе се неутрализира, мора да следи и јасна институционална одговорност”, аргументира Даниловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Даниловски: Колку ли глувци и стаорци…

Епидемиологот Драган Даниловски реагира дека купиштата ѓубре…

Лишено од слобода лице во Скопје, пронајдена…

Пронајдена марихуана кај скопјанец, лишен од слобода.…

При претрес во Скопје пронајдени 71 паковка…

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира…

(Видео) Шукова: Скопје мора да стане град…

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја…

Шукова: Проблемот со водата во Скопје мора…

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја…