Арсовска: Кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје – МВРО да покрене кривична постапка против Трајко Славевски

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во објава на социјалните мрежи објаснува кој е одговорен за ѓубрето во Скопје.

– Ако не ви е јасно дека кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, еве ќе се обидам да ви појаснам уште еднаш:

1. ЈП Комунална хигиена Скопје КХС по закон ја основа, за одлуки и согласности е надлежен СОВЕТОТ на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН).

2. Управниот одбор кој УПРАВУВА со КХС 4 години, е составен од членови ВМРО/ВЛЕН и е избран од Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН).

3. ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на Управен одбор на КХС и осудена криминалка за 2 кривични дела од Судот на РМ е ВМРО и е наградена за тоа што градот тоне во ѓубре со советничко место од ВМРО во општина Бутел.

4. Одлуките за Оперативен план за работа и за вработување во КХС ги носи СОВЕТОТ на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН), а најголем број на одлуки намерно не ги гласаа за да предизвикаат хаос.

5. Функционирањето на секој директор се базира врз одлуките (позитивни или негативни) донесени од Управниот одбор на ВМРО/ВЛЕН и тој може единствено да спроведува тоа што тие ќе изгласаат. Кој директор и да е поставен е блокиран и зависен од нивните одлуки.

Ниту еднаш Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН) не превзема мерки за:

– да се обезбедат услови за непречено работење на КХС како што упатува Законот

– да го разреши Управниот одбор на КХС како што упатува Законот

– да го разреши Надзорниот одбор на КХС како што упатува Законот

– да ја промени организацијата на КХС како што упатува Законот

По логиката на МВРО и нивните послушници, утре би требало со полиција да упаднат во НБРМ и да има покренување на кривична постапка за Трајко Славевски за непревземање ниту една мерка по Закон.

Во прилог Законот, кој има трпение нека чита. На кој уште не му е јасно кој е одговорен за ѓубрето, или така му кажале во штаб за да се одбранат себеси или едноставно ужива да го лажат корумпираните политички елити. – напиша Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Кадрите на Мицковски се одговорни за…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во…

Д-р Даниловски: Колку ли глувци и стаорци…

Епидемиологот Драган Даниловски реагира дека купиштата ѓубре…

Д-р Пановски: Глодарите во моментот имаат „достапна…

Инфектологот д-р Никола Пановски предупреди дека поради…

Лишено од слобода лице во Скопје, пронајдена…

Пронајдена марихуана кај скопјанец, лишен од слобода.…

При претрес во Скопје пронајдени 71 паковка…

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира…